Апликацијата доби поддршка за Bluetooth предаватели кои се поставени во одредени тунели, функција која е достапна одамна на познатата Waze, исто така во сопственост на Google
Google додава корисна функција од апликацијата за дигитални мапи Waze на Google Maps. Станува збор за Bluetooth систем за позиционирање кој овозможува навигација во тунели и други места без сателитско покривање.
Опцијата пристигнува на Android верзијата на апликацијата, додека сè уште не е достапна за iOS. Bluetooth beacons се дизајнирани за навигација во подземни простори каде што GPS сигналот не може да навлезе.
Познати и како Waze Beacons, овие предаватели се инсталирани во бројни тунели во поголемите градови, комуницирајќи со уредите што ја поддржуваат технологијата. Waze ја лансираше оваа функционалност во 2016 година. За да ја активирате во Maps, треба да отидете во поставките и во секцијата Driving Options.