Моторола објави нов смартфон во својата достапна серија G во форма на моделот Moto G34 5G. Уредот се очекува во Европа во февруари, кога ќе почне да се продава во три бои (Charcoal Black, Ice Blue и Ocean Green), но засега не знаеме по која цена.
Уредот нуди 6,5 инчен IPS LCD дисплеј со HD+ резолуција и стапка на освежување до 120 Hz. Има и централен pubch hole за селфи камерата од 16 MP. Смартфонот се базира на Snapdragon 695 чипсет и доаѓа со 8 GB RAM и 128 GB microSD простор за складирање што може да се прошири.
Додадени се и стерео звучници со поддршка Dolby Atmos. Главната камера е двојна со главен сензор од 50 MP и 2 MP за макро снимки. Уредот се напојува со батерија од 5000 mAh со брзо полнење од 18 W, а оперативниот систем е Android 14 со одредени додатоци на Motorola.