PlayStation 5: Tablet Edition е најновата креација на DIY Perks кој му конкурира на неодамна претставениот PlayStation Portal
Иако Sony ја најави својата нова преносна конзола, PlayStation Portal, со сите ѕвона и свирежи, многумина останаа разочарани кога видоа дека не е баш онаква каква што ја очекуваа. Да потсетиме, станува збор за уред чија примарна цел е стриминг на игри од конзолата, што во превод значи дека за нејзино користење мора да имате купен PlayStation 5 и активна Wi-Fi мрежа.
Но, Јутјуберот кој стои зад каналот DIY Perks излезе со решение. Тој го расклопи PlayStation 5, ги зема најважните компоненти и направи преносна конзола што ја нарекува – PlayStation 5: Tablet Edition. Тој ги поврзал сите овие компоненти на 4K OLED екран и го сними целиот процес на склопување во видеото приложено подолу.
Иако, барем на видеото, целиот процес на склопување изгледа прилично едноставно, треба да се има на ум дека оваа креација не би можела да биде направена доколку Sony не го издаде таканаречениот PlayStation 5 Slim. Новата верзија на конзолата има помала матична плоча од оригиналната верзија, што значи дека може да се вклопи во мало куќиште, како она што го користи таблетот на DIY Perks.
Меѓу дополнителните модификации, YouTube блогерот мораше да го отстрани главниот ладилник со необичен облик и да го замени со оној што има помали димензии, но со ист капацитет за ладење.