Samsung дополнително ја проширува софтверската поддршка за своите најнови паметни телефони од серијата Galaxy S24. Компанијата на вчерашниот Unpacked настан во Сан Хозе најави дека ќе понуди седум генерации надградби на оперативниот систем и безбедносни поправки.
Овој потег се надоврзува на промената направена во 2022 година, кога беше најавена поддршка за четири генерации на One UI и надградби на Android, како и пет години безбедност. Новата политика ја усогласува компанијата со Google, кој даде слично ветување за Pixel 8 серијата.
Samsung како причина за промената ја наведe својата посветеност за продолжување на животниот циклус на производите и подобра оптимизација на уредите. Новата политика започнува со серијата S24 и не ги опфаќа претходните генерации.
Samsung, исто така, ја зголемува i количината на рециклирани материјали во Galaxy S24 серијата оваа година.