Првиот турски астронаут и уште тројца членови на екипажот од Европа беа лансирани вчера од Флорида на патување до Меѓународната вселенска станица (ISS) во комерцијална мисија на приватната компанија Аксиом Спејс со седиште во Тексас.
Капсулата Crew Dragon на SpaceX, со четворица астронаути, се подигна со ракета Falcon 9 околу еден час пред зајдисонце од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, започнувајќи го планираниот 36-часовен лет до орбиталната лабораторија, пренесе Хина. Лансирањето беше прикажано во живо преку веб-пренос.
Автономно пилотираниот Crew Dragon се очекува да пристигне на ISS рано наутро во сабота и да се приклучи на станицата, која орбитира околу 400 километри над Земјата и во моментов е дом на седум постојани членови на екипажот.
Watch Ax-3 crew's in-flight event aboard SpaceX Crew Dragon, meet Build-A-Bear GiGi:
🙂https://t.co/wvYyfQGPcL— Ali Nâzım Gör (@GorNazim) January 19, 2024
Видеото во живо покажа двостепената ракета носач високак колку 25 катница се издигнува на делумно облачно небо над брегот на Атлантскиот Океан на Флорида со огнена, жолтеникава опашка од издувните гасови.
Камерите внатре во одделот за екипаж емитуваа снимки од четворицата мажи врзани во нивната кабина под притисок, седејќи мирно во бели и црни летачки одела со шлемови додека ракетата се искачи во вселената.
Девет минути по лансирањето, горната етапа на Фалкон 9 ја постави капсулата на екипажот во нејзината прелиминарна орбита.
Одговарајќи на честитките на Контролата на мисијата, командантот на летот Мајкл Лопез-Алегрија преку радио од Crew Dragon порача: „Како што реков, тоа е тимски спорт. Ви благодариме момци“.
#Turkey's 1st astronaut & 3 crew of Europe launched from Florida on Thurs on a voyage to #ISS in mission from #Texas startup #AxiomSpace#SpaceX Crew #Dragon capsule carrying the Axiom quartet lifted off atop #Falcon9 rocket from #NASA's #Kennedy #Space Center in #CapeCanaveral pic.twitter.com/YqsJ7nTlHp
— World News Hub (@WorldNewsHubWNH) January 19, 2024
Неколку минути претходно, долната етапа за повеќекратна употреба на ракетата се одвои од остатокот од вселенското летало и полета назад кон Земјата и безбедно слета во зоната за слетување во близина на местото на лансирање.
Оваа мисија беше трет таков лет на „Axiom Space“ со седиште во Хјустон во изминатите две години, додека компанијата ја продолжува својата работа на испраќање астронаути спонзорирани од странски влади и приватни компании во орбитата на Земјата.
Компанијата на своите клиенти им наплатува најмалку 55 милиони долари за секое астронаутско место.