Социјалната мрежа X, поранешна Twitter воведе аудио и видеоповици за корисниците на уреди со оперативен систем iOS уште во октомври 2023 година, а сега овие опции ги добија и корисниците на Android.
„Аудио и видеоповиците на X полека доаѓаат до корисниците на Android! Надградете ја апликацијата и јавете ѝ се мама“, објави инженер на X.
Извршната директорка Линда Јакарино првично најави видеоразговори на платформата уште во август минатата година, како дел од плановите на сопственикот Илон Маск да создаде „апликација за секого“. Секако, поволностите кои се дел од тој план, а кои вклучуваат аудио и видео повици, првенствено им се достапни на премиум претплатниците. Сепак, сите корисници можат да примаат повици, без разлика дали помагаат во „финансирањето на соништата на Маск“ (што чини 8 долари месечно или 84 долари годишно).
Ако WhatsApp, Zoom, Teams и други апликации се доволни, лесно е да ги исклучите повиците на X. Потребно е да се следат чекорите settings – privacy and safety – direct messages, каде што има опција за вклучување/оневозможување на аудио и видеоповици.
Алтернативно, можно е да се контролира кој може да ве покани на X. Ограничувањата вклучуваат луѓе од вашиот директориум, потврдени корисници и луѓе што ги следите.
Ограничувањата може да бидат корисни за да се избегнат несакани повици, бидејќи лицето на другиот крај на линијата не треба да има телефонски број за да ве контактира.