Јапонија стана петтата земја која спушти вселенско летало на Месечината
Јапонската вселенска агенција (JAXA) објави дека нивното летало слетало на Месечината, но се уште чека да воспостави контакт со својата сонда. Ако се утврди дека се поминало без проблеми, Јапонија ќе биде петта земја во светот чии вселенски летала успешно слетале на површината на Месечината.
Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) соопшти дека паметниот лендер за истражување на Месечината (SLIM) слетал на површината на Месечината околу 12:20 часот (15:20 GMT петок). На прес-конференцијата рекоа дека леталото испратило сигнал при слетувањето, но дека утврдиле дека имало проблем со напојувањето на леталото. Соларните панели не генерираат енергија. Тие изјавија дека им треба време да ги обработат податоците за да имаат повеќе детали за успехот на мисијата. „Се обидуваме да добиеме и анализираме дополнителни податоци. Засега се чини дека повеќето од системите работат, но сепак има проблем со напојувањето. Сметаме дека мекото слетување беше успешно“, велат оттаму.
Мекото слетување на Месечината значи контролирано спуштање на вселенско летало на површината без значително оштетување на леталото и/или неговите научни инструменти. Тешкото слетување се однесува на спуштање на земја што резултира со значителна штета на авионот, а често и до губење на контакт.
Досега само четири земји успеале во тоа: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат.
Конференцијата можете да ја видите на линкот подолу.