Кон крајот на минатата година, имаше индикации дека OnePlus може да претстави наследник на својот прв паметен часовник во 2021 година. Сега, новите информаци сугерираат дека OnePlus Watch 2 ќе биде претставен на претстојниот мобилен конгрес во Барселона.
Доколку податоците се оправдани, ова ќе биде првиот модел на компанијата со WearOS, а тоа значи многу поширок опсег на функционалности што ги обезбедува оперативниот систем. Моделот може да има кружен AMOLED екран од 1,43 инчи и две хардверски копчиња.
OnePlus Watch 2 is launching at Mobile World Congress! Looking forward to the next WearOS Watch!
— Max Jambor (@MaxJmb) January 19, 2024
Во неговото јадро, можно е да се користi чипот Snapdragon W5 Gen 1, кој го има и во Google Pixel Watch 2. Сепак, останува да се види дали компанијата навистина ќе го објави часовникот во февруари или ќе почека.