Јапонскиот лунарен ровер постигна невообичаено прецизно слетување на 100 метри од својата цел, објави Јапонската вселенска агенција.
Леталото SLIM направи неверојатно прецизно слетување на Месечината и покрај тоа што во последен момент имаше проблеми со моторот, соопшти денеска Јапонскиот центар за вселенски истражувања (JAXA) и ја објави првата фотографија од површината на Месечината. Фотографијата е направена од малиот робот Lunar Excursion Vehicle 2 (LEV-2), мини ровер не многу поголем од тениско топче (на сликата подолу) испуштен од лендерот при слетувањето.
Со ова е постигната целта за слетување на модулот на 100 метри од планираното место за слетување. Но, прославите беа пригушени од проблемите со соларните батерии на лесното вселенско летало, кои не произведуваа електрична енергија, и JAXA одлучи да го исклучи.
SLIMは16時51分にメインエンジン噴射を正常に終了し、月周回軌道投入に成功しました!
以下月近傍のSLIMから送られてきた画像です。
#SLIM #JAXA #たのしむーん pic.twitter.com/TeuB8OD3LF— 小型月着陸実証機SLIM (@SLIM_JAXA) December 25, 2023
Но, пред да го исклучи SLIM, контролата на мисијата можеше да добие технички и податоци за сликање од спуштањето на леталото и површината на Месечината.
Во четвртокот, JAXA ги објави првите снимки во боја од мисијата на кои се гледа како SLIM леталото стои недопрено под мал агол на карпестата сива површина, додека лунарните падини се издигнуваат во далечината.
The Lunar Excursion Vehicle 2 (LEV-2 / SORA-Q) has successfully taken an image of the #SLIM spacecraft on the Moon. LEV-2 is the world’s first robot to conduct fully autonomous exploration on the lunar surface. https://t.co/NOboD0ZJIr pic.twitter.com/mfuuceu2WA
— JAXA Institute of Space and Astronautical Science (@ISAS_JAXA_EN) January 25, 2024
Две сонди успешно се одвоија од SLIM во саботата: едната носеше предавател, а другата дизајнирана да орбитира околу површината на Месечината и зрачи слики назад кон Земјата.
Овој мини-ровер што ја менува формата, малку поголем од тениско топче, беше ко-развиен од компанијата зад играчките Transformers и произведе фотографија објавена од JAXA денес.