Фосили од летечки рептил, стари 200 милиони години, се пронајдени во ридовите Мендипс во Сомерсет, Англија.
Станува збор за животни кои личеле на гуштери и биле толку мали што можат да ви застанат на дланка, но кои се сметаат за блиски предци на крокодилите и диносаурусите.
Еден магистерски студент на Универзитетот во Бристол, Мајк Которн, го пронашол фосилот во каменолом за варовник во Југозападна Англија. Постоењето на овие видови во варовник покажува дека тие паднале или дека нивните коски со текот на времето завршиле во пештери и пукнатини.
„Сите животни беа мали. Се надевав дека ќе најдам коски од диносаурус или нивни заби, но најдов сè освен тоа“, рече Каторн.
Студијата го детализира откривањето на два вида кунеосаурус, еден со голем и еден со мал распон на крилјата, кои се состоеле од кожа испружена преку зголемени странични ребра. Оваа извонредна адаптација им овозможила слободно да се движат од дрво на дрво, слично на постоечкиот летечки гуштер драко, кој живее во Југоисточна Азија.
Овие мали влекачи, кои најверојатно се хранеле со инсекти на дрвјата и на земјата, можеле да полетаат кога биле исплашени или кога барале плен, а потоа да слетаат на 10 метри.
Додека истражувал фосили, Которн наишол на необични влекачи во карпите на каменолом за варовник.
Оваа област порано била најголемиот суптропски остров во тоа време, познат како островот Медип Палео. Овој остров некогаш имал површина од 30 километри и нуди увид во богатството на мали влекачи кои живееле за време на доцниот тријас.
Фосилите му припаѓале на трилофосаурот вариоденс, кој имал специфична структура на забите, како и на водниот пахитрофеус, кој веројатно имал живот сличен на оној на денешната видра и се хранел со ракови и мали риби.
„Беше тешко да се идентификуваат фосилните коски, од кои повеќето беа одвоени, а не беа во скелетот. Сепак, има многу компаративен материјал, а Мајк Которн можеше да ги спореди изолираните вилици и други коски со поцелосни примероци од други локации околу Бристол“, вели професорот Мајк Бентон.
И покрај недостатокот на коски од диносауруси во оваа колекција, експертите веруваат дека тие сè уште може да се најдат во други области со споредлива геолошка старост околу Бристол.