Минатата година, Qualcomm го претстави процесорот Snapdragon 7 Plus Gen 2, кој донесе значително посилни перформанси на телефоните од средната класа.
Сега се појавуваат информации за уште една значајна надградба на чипсетот Snapdragon 7 Plus. Како што објави типстерот Digital Chat Station на социјалнмата мрежа Weibo, претстојниот процесор Snapdragon 7 Plus (најверојатно Snapdragon 7 Plus Gen 3), ќе ја добие истата архитектура како Snapdragon 8 Gen 3.
Snapdragon 8 Gen 3 е најновиот Snapdragon процесор, кој ги напојува водечките телефони за 2024 година, како што се OnePlus 12 и претстојниот Samsung Galaxy S24.
Snapdragon 8 Gen 3 има чипсет со осум јадра со моќно јадро Cortex-X4, пет средни јадра Cortex-A720 и две мали јадра Cortex-A520. Можно е Snapdragon 7 Plus Gen 3 да ги добие истите импресивни јадра, пренесува Phonearena.
Се очекува пошироко усвојување на Snapdragon 7 Plus Gen 3 во споредба со неговиот претходник. Вториот беше ограничен на одредени телефони од Xiaomi и Realme, како што се Redmi Note 13 Pro и Poco F5.
Snapdragon 7 Plus Gen 3, сигурно, има потенцијал да испорача значителни подобрувања во перформансите на телефоните од средна класа, што би можело да влијае на пазарот со тоа што ги прави подобрите функции попристапни.