Иако се чини дека Apple дека ќе ја задржи главната камера од 48 MP на престојниот iPhone 16 Pro Max оваа година, тој наводно ќе добие нов сензор од Sony
Претстојниот iPhone 16 Pro Max, најдобриот во серијата уреди на Apple, наводно ќе ја подигне летвичката во оптичкиот сектор, иако неговата главна камера ќе остане на истиот број мегапиксели како и претходните години, според најновите инсајдерски информации. Според ова, најскапиот смартфон на Apple ќе има нов сензор од Sony – Exmor IMX903 48 MP, што само по себе е надградба во однос на IMX803 содржан во актуелниот 15 Pro Max модел.
Детали за новиот Sony IMX903 сензор се појавија минатата година, но не треба да заборавиме дека Apple не е склон брзо да ги прифаќа најновите технологии за своите производи. Компанијата го прескокна користењето на овој сензор во iPhone 15 Pro Max, иако критичарите и рецензентите секако ја пофалија камерата на телефонот.
Сепак, подобрувањата на софтверот можат да направат само толку да го подобрат квалитетот на сликата, па затоа инсајдерот DigitalChatStation на Weibo тврди дека новиот врвен модел на Apple ќе има нов сензор.
Физичката големина на сензорот во споредба со IMX803 е малку поголема, 1/1,14 инчи и поддржува технологии како двослојни транзистори. Дојавувачот напоменува и дека iPhone 16 Pro Max ќе има „супер“ телефото перископ објектив, што сме го слушнале и претходно, иако се шират и гласини дека Apple има различни планови оваа година. Наместо само еден Pro модел со камера со тетрапризм-зум, компанијата наводно ќе ги надгради двата модела, давајќи им на корисниците повеќе опции.
Интересно е што инсајдерот засега само тврди дека iPhone 16 Pro Max ќе добие нов сензор, а не споменува ништо поврзано со стандардниот модел iPhone 16 Pro. Можеме да претпоставиме дека Apple ќе се обиде да заштеди на трошоците за компонентите со користење на претходната генерација IMX803 за iPhone 16 Pro, но сè уште е рано за такви предвидувања.