Хеликоптерот Ingenuity, кој влезе во историјата со тоа што го оствари првиот лет на Марс, претрпе штета поради која ја заврши мисијата на Црвената планета, јавува BBC.
Американската вселенска агенција NASA соопшти дека хеликоптерот морал да изврши „итно слетување“ при што му биле оштетени пропелерите. Првото вештачко летало кое летало на друг свет освен Земјата го дочека својот крај. Сепак, Бил Нелсон од NASA рече дека Ingenuity има завршено многу повеќе мисии од првично планираните и дека го отворил патот за идните летови во нашиот Сончев систем.
Ingenuity остана во исправена положба, но фотографиите направени од роверот Perseverance покажуваат дека барем еден од неговите пропелери е оштетен и повеќе не може да лета. Се истражуваат околностите под кои настанала штетата.
Хеликоптерот пристигна на Марс во февруари 2021 година во внатрешноста на роверот Perseverance. Тој беше наменет да послужи како краткорочна демонстрација на технологија која овозможува лет во ултра тенката атмосфера на Марс. Откако успеа во тоа, тој стана поддршка на роверот Perseverance во истражувањето на областите од интерес на Марс, а истовремено му помогна на роверот и неговите оператори на Земјата да ја изберат најдобрата траекторија.
Пред да ја заврши мисијата, Ingenuity изврши 72 лета и леташе 14 пати подалеку од првично планираното.
Многумина ќе жалат за симпатичниот хеликоптер, но крајот дојде во вистинско време. Rover Perseverance ќе оди на долги и брзи возења додека бара пат до се искачи на обрачот на кратерот Језеро. Да останеше функционален, хеликоптерот веројатно ќе се мачеше да одржи чекор со Perservance.