Ако сте еден од оние кои страдаат затоа што не можат да играат Fortnite на својот iPhone, ќе бидете среќни да знаете дека наскоро ќе можете повторно да го правите тоа. iOS 17.4 во март ќе донесе поддршка за преземање апликации надвор од App Store.
Откако ги принуди да го имплементираат USB-C портот во iPhone 15 серијата, ЕУ наскоро уште еднаш ќе ја изврти раката на Apple и ќе ги принуди да направи нешто уште подрастично.
Имено, благодарение на Законот за дигитални пазари, Apple ќе мора да дозволи дистрибуција на апликации од алтернативни извори на тлото на Европската Унија. Така, корисниците на iOS уреди во рамките на ЕУ, по седумнаесет години конечно ќе можат да инсталираат апликации за iPhone надвор од продавницата за апликации App Store.
Таа можност ќе пристигне во март со ажурирањето на iOS 17.4, иако досега не се пронајдени траги од опцијата во бета верзијата на софтверот.
Epic Games веќе објави дека нивната игра Fortnite, по четиригодишно отсуство поради спор околу провизиите на App Store, наскоро ќе се врати на iPhone, но само за корисниците во ЕУ. Fortnite и нивните други наслови ќе може да се инсталираат преку Epic Games Store за iOS.
Заедно со овие промени, доаѓаат и некои други, па сега на тлото на ЕУ, корисниците на iPhone ќе имаат избор за стандарден веб прелистувач. Досега наместо прелистувачот Safari, можеше да се постави друг како стандарден, но сега корисниците ќе бидат прашани за тоа.