Во рамките на својата премиера претходно овој месец, Samsung го претстави новиот додаток за вештачка интелигенција – Galaxy AI. Неодамна беше откриено дека овие функционалности ќе стигнат и до минатогодишните модели од високата класа, вклучувајќи ги уредите од Galaxy S23 серијата , S23 FE, Galaxy Tab S9 таблет уредите и преклопните Galaxy Z Fold5 и Flip5.
Сепак, новите податоци сега сугерираат дека Galaxy AI нема да стигне до уредите објавени пред 2023 година, а причината се чини дека не е поврзана со хардверот. Потврда за ова доаѓа од интервјуто на TechRadar со претставник на компанијата.
Целта на Samsung е да постигне оптимално корисничко искуство кое се чини дека не е возможно на претходните генерации уреди. Вреди да се напомене дека Galaxy S23 FE користи чипсет Exynos 2200, кој исто така е основа на серијата Galaxy S22.