Apple воведува голем број промени за да ги исполни барањата на новиот Закон за дигитални пазари (DMA) кој наскоро ќе стапи на сила во земјите од Европската унија. Една од промените е поврзана со поддршката на алтернативни енџини на прелистувачи, со што се отвора вратата за инсталирање на нативните верзии на Chrome и Firefox.
Во моментов, на iPhone може да се користат само прелистувачи кои користат WebKit енџин. На тој начин, WebKit е во срцето на Safari, но исто така и на Chrome и Firefox за iOS. Сепак, овие два прелистувачи користат Chromium и Gecko за други платформи, што значи дека некои од нивните функционалности се различни.
Со објавувањето на iOS 17.4, програмерите сега ќе можат да користат други енџини, и за веб-прелистувачите и за функционалност во апликациите. Секако, Apple предупредува дека тоа може негативно да влијае на корисничкото искуство, траењето на батеријата итн.
Програмерите ќе треба да добијат дозвола за воведување на такви апликации.