Археолози во Данска открија мала кама со рунски симболи стара речиси два милениуми, соопшти музејот, опишувајќи го како значајно откритие во разбирањето на човечката историја на регионот.
Руни од овој период досега се откриени само еднаш, во 1865 година во Вимозен, западно од данскиот град Одензе.
„Руните на острицата се напишани со најстарата позната рунска азбука и затоа новото откритие е многу важен дел од разбирањето и толкувањето на најстарата употреба на пишувањето во Данска и во нордискиот регион“, се вели во соопштението на музејот.
Рунското писмо го користеле германските племиња и е најстарата позната форма на пишување во Скандинавија. Било широко користено од почетокот, преку викиншкото доба, до доцниот среден век.
Engraving on 2,000-year-old knife thought to be oldest runes in Denmark https://t.co/3UKBPRfqxt
— Guardian news (@guardiannews) January 22, 2024
Камата е пронајдена во мала гробница источно од Одензе. На острицата бил изгравиран зборот „хирила“, што на нордиски значи „мал меч“.
Невозможно е да се каже дали тоа е името на самиот нож или неговиот сопственик, велат од музејот.
„Со такво откритие во наши раце, ние како луѓе доживуваме конфронтација со минатото. Рунскиот натпис е како да сме нашле порака од древните луѓе“, рече археологот Јакоб Бонде.
Од 2 февруари, камата ќе биде изложена на специјална изложба во музејот Møntergården во Одензе.