Компанијата Fossil официјално соопшти дека се повлекува од пазарот на паметни часовници.
По серијата шпекулации за иднината на линијата паметни часовници што го користи Wear OS, Fossil потврди дека повеќе нема да ги произведува овие уреди. Последниот модел што се појави на пазарот беше Gen 6, а тоа се случи во 2021 година. Нема да има наследник на овој часовник, но компаниите изјавија дека постоечките модели ќе добијат надградба во следните неколку години.
Портпаролот на Fossil изјави за The Verge дека ова е стратешка одлука и дека средствата ќе бидат пренасочени за поддршка на клучните деловни сегменти на компанијата, вклучувајќи традиционални часовници, накит и кожни производи. Оваа вест ќе ги разочара оние кои се надеваа на моделот Gen 7.
Иако батеријата не им е силна страна, паметните часовници на Fossil се меѓу најубавите на пазарот.