Компанијата Samsung неодамна на медиумски настан во Сан Хозе официјално ја претстави својата нова флегшип Galaxy S24 серија паметни телефони. Иако испораките на уредите започнаа неодамна, сведоци сме и на првиот тест за издржливост на Galaxy S24 Ultra.
Смартфонот е подлегнат на тестовите за паѓање и гребење на PBKreviews. Гледаме како паѓа неколку пати на различн страни, што резултира со пукнатини на екранот и минимални гребнатини. На задната страна не се забележани значителни проблеми.
Меѓу другите тестови се ставањето мешавина од разни мали честички на екранот, но и тоа не предизвикува никакви гребнатинки. Можете да ги проверите сите тестови во споделениот клип, но дефинитивно се чини дека уредот е доста издржлив.