Apple ќе се обиде да го промени трендот на пад на продажбата на iPad и Mac со премиерата на неколку нови уреди. Меѓу нив се големото освежување на iPad Pro со додавање на M3 чип и OLED дисплеј, нов iPad Air збогатен со поголем 12,9-инечн модел, како и MacBook Air лаптопите од 13 и 15 инчи со M3 чип.
Новите информации од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман откриваат дека овие уреди најверојатно ќе излезат кон крајот на март. Уште повеќе, компанијата веќе започна со производство на новите iPad Pro модели и 13-инчниот MacBook Air. Гурман посочува дека има дополнителни навестувања во првата бета верзија на iOS 17.4, чија финална верзија треба да излезе со новите производи кон крајот на март.
На пример, се споменуваат некои нови додатоци за iPad, како што се ажурираната Magic Keyboard и Apple Pencil, покрај можноста за користење на Face ID во landscape режим, што долго го очекуваа корисниците. Се чини дека Apple ни подготви многу пролетни изненадувања, а доколку сте решени да купите нов iPad Pro или MacBook Air, подобро е да почекате уште малку.

