Huawei се подготвува за лансирање на Mate 70 серијата во септември 2024 година, позиционирајќи ја како сериозен конкурент на моделот iPhone 16
По продажбата на 30 милиони смартфони од Mate 60 серијата, според новите инсајдерски информации, Huawei се подготвува да ја лансира долгоочекуваната серија Mate 70 во септември 2024 година, позиционирајќи ја како сериозен конкурент на моделот iPhone 16, кој треба да биде претставен во истиот месец. Кинескиот технолошки гигант има за цел да постави нови стандарди во индустријата за паметни телефони со иновативни карактеристики и невидени перформанси.
Се очекува дека Mate 70 серијата, како што објави Huawei Central, ќе се пофали со најсовремена технологија која ќе ги предизвика доминантните уреди на конкурентите од премиум сегментот. Датумот на лансирање во септември 2024 година е доказ дека кинеската компанија фрла ракавица во лице на она што тие го сметаат за единствена конкуренција, прескокнувајќи го целиот екосистем на Android и компаниите лидери, предводени од Samsung. Останува да видиме кој ќе биде точниот ден на лансирање, односно дали настанот ќе биде закажан пред или по претставувањето на новата iPhone серија.
Mate 70 ќе донесе некои нови технологии
Покрај тоа, се шпекулира дека Mate 70 серијата ќе донесе напредни спецификации, поместувајќи ги границите на она за што се способни смартфоните, за што допрва ќе дознаеме. Со посветеност на супериорен квалитет, се очекува Mate 70 серијата да го редефинира корисничкото искуство, нудејќи спој на софистицираност и високи перформанси.
Во уште едно протекување од синџирот на снабдување, откриени се уште некои детали и за P70 серијата, што укажува на револуционерна технологија на екранот. Се шпекулира дека Huawei P70 уредите ќе имаат два типа на екрани со четирикратно заоблен LTPO панел, што уште еднаш ја демонстрира посветеноста на Huawei за обезбедување напредни визуелни искуства за корисниците.
Употребата на закривени LTPO екрани во P70 серијата ќе претставува значаен чекор напред во дисплеј технологијата на компанијата. Се очекува оваа иновација да го подобри не само естетскиот изглед на уредот, туку и да придонесе за подобрување на корисничкиот интерфејс, на задоволство на корисниците.
Најавата за лансирањето на P70 и Mate 70 сериите ја нагласува посветеноста на Huawei кон новите технолошки достигнувања, а со зголемената конкуренција на пазарот на паметни телефони, неуморните напори на Huawei во иновациите се подготвени да имаат трајно влијание врз индустријата. Останува да се види колку од нив ќе бидат попречени со надворешните санкции, за кои се најавува дека дополнително ќе бидат зајакнати во текот на оваа година.