Веќе бевме сведоци на доста информации поврзани со следниот премиум смартфон на Xiaomi, наречен 14 Ultra. Сега, новите податоци од Кина покажуваат дека уредот ќе биде претставен кон крајот на февруари, а тоа се совпаѓа и со најголемиот саем за мобилна технологија во Европа, Mobile Congress во Барселона.
Останува да видиме дали 14 Ultra ќе биде објавен на овој настан или ќе се појави најпрвин во Кина. Една од новите функции оваа година се чини дека е присуството на отвор на бленда f/1.63.
Се очекува Xiaomi 14 Ultra да има прилагодлив отвор на бленда од f/1.6 и f/4.0. Оптиката ќе биде 1-инчниот Sony LYT-900 сензор, а има и индикации за нов комплет за фотографирање.