Има уште доста време до премиерата на следната iPhone 16 серија смартфони на Apple. Уредите традиционално се претставуваат наесен, но неколку месеци однапред дознаваме многу детали за нив.
Сега информациите од аналитичарот Минг-Чи Куо укажуваат дека оваа година нема да видиме значителни промени во дизајнот на телефоните. Исто така, малку е веројатно дека ќе видиме значителни додатоци со генеративна вештачка интелигенција, што најрано се очекува со iPhone 17 во 2025 година.
Според Куо, можно е испораките на iPhone уредите да се намалат во 2024 година, со оглед на тоа што не ги содржи двете најинтересни функции моментно на пазарот. Станува збор за вештачката интелигенција и екраните што се преклопуваат.
Сепак, се чини дека ни претстои барем една хардверска промена оваа година, односно додавање на capture копче со функции за снимање и фотографирање, вклучувајќи зумирање и фокус. Покрај тоа, се очекува iPhone 16 Pro моделите да имаат поголеми екрани од 6,3 и 6,9 инчи во однос на 6,1 и 6,7 инчи кај актуелните iPhone 15 Pro модели.