Компанијата Honor, лобален лидер во технолошката индустрија, го потврди своето присуство на MWC 2024 во Барселона, каде што ќе ја претстави својата најнова серија премиум смартфони – преклопниот HONOR Magic V2 RSR и HONOR Magic6. На 25 февруари 2024 година, во 14 часот, Honor ќе го организира својот ексклузивен настан во Барселона, кој ќе можете да се гледа и на официјалната веб-страницата на компанијата. На овој начин ќе имате можност да се вклучите во откривањето на најновите иновации насочени кон подобрување на секојдневниот живот.
Дополнителни информации можете да се најдат на следниот линк: https://www.hihonor.com/rs/events/honor-mwc/
Honor Magic6 серијата ќе ги донесе Honor Magic6 и Magic6 Pro. Двата телефона работат на процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3 со до 16 GB RAM и до 1 TB простор за складирање. Уредите имаат 6,8-инчен заоблен LTPO AMOLED дисплеј со максимална осветленост.
Honor Magic6 Pro ќе има и перископ камера од 180 MP со главна леќа од 50 MP, која кај Pro моделот ќе има променлив отвор на бленда од f/1.4-2.0. Honor Magic6 ќе има батерија од 5.450 mAh, додека Pro верзијата батерија со капацитет 5.600 mAh.