TikTok беше пионер во употребата на кратки вертикални видео клипови и постигна огромен успех кај корисниците. Сепак, се чини дека платформата воведува хоризонтално видео со подолга должина.
Постојат индикации дека TikTok ги поттикнува креаторите на видео содржини да снимаат клипови во хоризонтален формат подолги од една минута. Од платформата велат дека ќе ги рекламираат овие продукции во период од 72 часа. Оваа функција е достапна само за одредени корисници.
Ова не е прв показател за воведување на функционалности кои традиционално ги поврзуваме со YouTube. TikTok веќе тестира видеа долги до 30 минути, а максималната должина во моментов на видеата изнесува до 15 минути.
Останува да видиме дали со овие промени креаторите повеќе ќе се префрлаат на TikTok на сметка на YouTube.