Motorola додаде нов модел во својата Moto G серија паметни телефони. Станува збор за Power верзија на неодамна објавениот Moto g24. Се разбира, уредот ги задржува главните карактеристики на веќе споменатиот модел.
Сепак, батеријата има капацитет од 6000 mAh наместо 5000 mAh, а поддржано е и побрзо полнење до 30 вати. Другата промена е во селфи камерата која е 16 мегапикселна.
Останатите спецификации се преклопуваат со оние на стандардниот Moto g24. Смартфонот досега дебитираше во Индија во две варијанти на сини бои со цени кои започнуваат од 100 евра за верзијата со 4 GB RAM и 128 GB простор за складирање и 110 евра за моделот со 8 GB RAM.
Буџетскиот Moto G24 наскоро ќе биде достапен на избрани европски пазари