Компанијата Nothing го потврди постоењето на својот паметен телефон наречен Phone (2a) и откри дека наскоро ќе сподели повеќе детали за него. Можно е премиерата да биде на Мобилниот конгрес во Барселона (MWC 2024), во чии рамки Nothing организира настан на 27 февруари.
Засега нема повеќе официјални детали за уредот, но во последните недели дознавме некои детали за него, па дури и видовме рендери кои покажуваат познат, но поинаков дизајн. На снимката се гледа дека уредот ќе има главна камера со хоризонтален дизајн, опкружена со LED светла од системот Glyph.
Од видеото во кое Nothing го најави моделот, јасно е дека е со кодно име Aerodactyl и е позициониран како поевтина алтернатива на Phone (2). Во исто време, компанијата тврди дека Phone (2a) ќе биде надградба на Phone (1) на секој начин, во поглед на камерите, перформансите итн.
Според гласините, уредот ќе има 6,7-инчен AMOLED дисплеј со стапка на освежување до 120 Hz. Очекуваме и MediaTek Dimensity 7200 чипсет, 8/12GB RAM, 128/256GB простор за складирање и двојна камера од 50MP. Уредот ќе работи на Nothing OS 2.5 базиран на Android 14 и ќе биде достапен во црна и бела боја. Почетната цена во Европа се очекува да изнесува под 400 евра.