Се чини дека Apple размислува да го пушти во продажба својот прв уред со екран на преклопување во рок од неколку години. Станува збор за уред со дијагонала на екранот до 8 инчи, кој би можел да го замени 8,3-инчниот iPad mini.
Податоците за ова доаѓаат од јужнокорејското издание The Elec, а временскиот период за појавување на уредот е од 2026 до 2027 година. Покрај овој уред, компанијата подготвува и варијанта на iPad mini со OLED панел.
Samsung Display и LG Display уште од минатата година му испраќаат примероци од 7 и 8-инчни преклопи панели на Apple. е чини дека Samsung е во понапредна фаза на развој за посакуваните дисплеи, а исто така би можел да стане главен снабдувач на оваа компонента.
Во исто време, трите компании имаат различни идеи во однос на заштитната обвивка на екранот, како и механизмот за преклопување. Надвор од споменатиот флексибилен модел, се напоменува дека Apple работи и на уред со 20,5-инчен дисплеј, што се очекува во подоцнежна фаза.