Тонг Тонг знае да разликува што е правилно, а што е погрешно, ги изразува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината.
Често слушаме дека вештачката интелигенција сè уште е во зародиш и повеќе личи на дете по начинот на кој „учи“ отколку некоја моќна технологија. Но, како би изгледало дете со вештачка интелигенција?
Токму тоа можеа да го искусат посетителите на изложбата Frontiers of General Artificial Intelligence Technology, која се одржа во Пекинг, Кина. Таму, имено, беше можно да се комуницира со аватар кој претставува дете со вештачка интелигенција, девојче по име Тонг Тонг.
Тонг Тонг е создадена од научници од пекиншкиот Институт за општа вештачка интелигенција. Идејата е на Жу Шонгхун, основач на институтот специјализиран за вештачка интелигенција која имитира луѓе.
Тонг Тонг е дизајнирана не само да го симулира однесувањето на децата, туку и да ги извршува задачите што му се дадени во виртуелна средина.
The World’s First Virtual AI Child Unveiled in Beijing! 🧒🏼
Tong Tong, developed by the Beijing Institute for General Artificial Intelligence, is the world’s first virtual AI entity without a physical body.
Here's what makes her so special tho ..
1. Self-Task Assignment: Tong… pic.twitter.com/IIh3tWQ2rc
— Ashad (@ashadahmed_) February 4, 2024
Тонг Тонг поседува ум и се обидува да го разбере здравиот разум научен од луѓето.
„Таа знае да разликува што е правилно, а што е погрешно, ги изразува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината“, се вели во видеото на Институтот.
Минатата година научниците од Институтот го предложија тестот Тонг, софистициран тест составен од речиси 150 прашања, врз основа на кој треба да се заклучи софистицираноста на моделот на вештачка интелигенција. Преку пет мерливи димензии (визија, јазик, сознание, емоции и учење), како и социјалните и групните вредности, тестот треба да утврди колку одреден модел е близок до општата вештачка интелигенција.
За да напредуваме кон општа вештачка интелигенција, треба да создадеме ентитети кои можат да го разберат реалниот свет и да поседуваат широк опсег на вештини, истакна Жу, додавајќи дека се надева дека Тонг Тонг би можела да биде првиот чекор во таа насока.