Веќе знаеме дека Nothing подготвува нов смартфон кој ќе биде подостапна верзија на актуелниот Phone (2). Уредот треба да се појави наскоро и ќе се вика Phone (2а).
Во меѓувреме, сепак, добиваме делумна идеја за тоа како ќе изгледа Phone (2а), бидејќи се појавија наводни фотографии од уредот. Телефонот е во заштитна футрола, но сепак се гледа присуството на отворот за селфи камерата.
Nothing Phone 2A hands on images via https://t.co/2wiaINX5Xp
Specifications
📱 6.7" FHD+ AMOLED display
120Hz refresh rate
🔳 MediaTek Dimensity 7200 chipset
🍭 Android 13 most probably
📸 50MP Samsung GN9+ 50MP JN1 rear camera
📷 32MP Sony IMX615 front camera
– Colour… pic.twitter.com/rjtoSMIr1d— Abhishek Yadav (@yabhishekhd) February 4, 2024
Има и двојна примарна камера, поставена во релативно необична положба. Не недостасуваат податоци за некои од спецификациите, бидејќи телефонот може да понуди 6,7-инчен AMOLED екран со Full HD+ резолуција и брзина на освежување до 120 херци.
Може да има и главен сензор Samsung GN9 од 50 MP и JN1 од 50 MP со ултраширокоаголен објектив. Ќе има и чипсет Dimensity 7200, 8/12 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање фајлоби, а цената ќе биде до 400 евра.