Дигиталниот асистент со вештачка интелигенција Google Bard, наводно добива ново име и станува Gemini веќе оваа недела со посебна апликација за оваа платформа
На интернет протече документ, кој открива дека Google уште оваа недела планира да направи некои значајни промени во својата алатка за вештачка интелигенција. Овие планови, кои гигантот не ги потврди, вклучуваат промена на името на дигиталниот асистент, со што Google Bard ќе стане Gemini.
Тоа би имало смисла за Google, макар само поради едноставноста. Имено, гигантот кон крајот на минатата година го претстави својот нов мултимодален модел со вештачка интелигенција наречен Gemini, а набргу потоа почна да го интегрира во некои од своите производи, меѓу кои и Google Bard.
Корисникот на мрежата X, Дилан Расел сподели документ од 7 февруари, а покрај гореспоменатите работи, навести и дека Gemini „наскоро“ ќе добие посветена апликација за Android.
Дополнително, на истиот датум, според документот, треба да се отвори сметката за претплата Gemini Advanced. Овој пакет треба да им овозможи на корисниците пристап до моделот Ultra 1.0 Gemini, кој е „значително поспособен за многу сложени задачи како што се кодирање, логично расудување и следење на нијансирани инструкции и креативна соработка“.