Има се повеќе навестувања и гласини околу Windows 12, следните верзии на оперативниот систем сугерираат дека Microsoft е на работ на лансирање на нова ера во персоналните компјутери.
Следната генерација на оперативниот систем на Microsoft под името Windows 12 би можела да пристигне веќе во наредните неколку месеци, со оглед дека се повеќе се шират гласини за него. Qualcomm би можел да ја искористи таа можност да ги пласира своите системи базирани на неговиот чипсет Snapdragon X Elite, а наводно веќе го тестирал оперативниот систем на својот најнов Arm чип, пишува TechSpot.
На неодамнешното лансирање во октомври 2023 година, Snapdragon X Elite на компанијата за чипови Qualcomm дополнително ги поттикна очекувањата за претстојната употреба, сугерирајќи дека Windows 12 може да донесе интеграција на вештачката интелигенција како клучен елемент кај персоналните компјутери.
За време на презентацијата, Qualcomm го истакна Snapdragon X Elite члипот како најинтелигентен, моќен и најефикасен процесор дизајниран за Windows. Овој Arm чип, за кој се вели дека е побрз од М3 на Apple, ветува забрзување на вештачката интелигенција, подобрување на креативноста, продуктивноста и работните текови базирани на вештачка интелигенција.
Windows Latest истакнува дека презентацијата на Qualcomm тогаш го вклучуваше она што би можело да биде навестување за претстојното освежување на Windows екосистемот каков што го знаеме досега. Дизајнерот на чипови спомена неодреден Windows оперативен систем инсталиран на референтен дизајн на лаптоп на Qualcomm што се користи за тестирање на перформансите на процесорот на процесорот Snapdragon X Elite.
Компанијата го спореди новиот Arm чип и генеричкиот Windows OS со два Samsung x86 лаптопи базирани на 12-јадрените i7-1360P и 10-core i7-1355U процесори на Intel, кои работат со Windows 11. Специфичната разлика помеѓу истакнувањето на термините Windows OS и Windows 11 укажува на можноста дека Qualcomm користел верзија на оперативниот систем Windows 12 пред официјалното објавување.
Гласините сугерираат дека Windows 12, со карактеристики фокусирани на вештачка интелигенција, вклучително и подобрен Copilot, би можел да пристигне до средината на 2024 година. Дизајнот на неговиот интерфејс би бил сличен на верзијата на Windows 11, со неколку уникатни промени – „лебдечка“ лента со задачи, односно таскбар. Би можеле да се вратат и виџетите за работната површина, бидејќи Microsoft треба да ги потсети корисниците на компјутери колку одлично беше искуството со Windows Vista во 2000-тите години.