Кина тврди дека отишла понатаму со својата верзија на електромагнетен воз во вакуумска цевка.
Последните неколку години сме сведоци на многу згаснати проекти за развој на Hyperloop технологија, која ја прелдожи Елон Маск уште во 2013 година. Додека уште не е позната судбината на останатите американски проекти, вклучувајќи го и проектот на компанијата на Маск, The Boring Company, изгледа дека Кина отиде најдалеку од сите, а својата верзија на hyperloop воз, кој може да вози со брзина над 1.000 км на час, ја развива од 2018 година.
Според пишувањето на кинеските медиуми, државната кинеска компанија CASIC (China Aerospace Science & Industry Corporation), која дизајнира, развива и произведува повеќе вселенски летала, лансирни возила, стратепки и тактички ракетни системи и копнена опрема и воедно е најголем производител на проектили во Кина, ги надмина сите досегашни брзински рекорди со својот hyperloop воз наречен T Flight.
Возот бил тестиран во тест-цевка долга 2 км, а од компанијата не откриваат која брзина ја достигнале со својот воза на магнетна левитација, но тврдат дека наскоро може да достигнат 1000 км/ч со оглед на тоа дека го надминале досегашниот рекорд од 623 км/ч вбо услови без вакуум.
Изградбата на цевката започнала во април 2022 година, а ја предводи Одделот за технологија за магнетна левитација и електромагнетна пропулзија при CASIC, кој е основан во фебруари 2018 година, кое и објавено и ова видео.
Главното тело на цевката има платформа со горна и долна структура во форма на буквата „n”, односно „u” и поддржува цевчести греди во форма на буквите „nu”. Цевката може да одржува вакуум подолг период, што е голем предизвик при изградбата.
Според официјалните информации, тестот покажал дека цевката и „пругата“ добро функционираат меѓусебно и ги одржуваат тешките маглев возила во стабилна левитација, а погонските системи и целосните безбедносни контроли исто така функционирале според очекувањата.