Финската компанија објави дека потпишала повеќегодишен договор за вкрстена лиценца за патенти со Vivo, веднаш по потпишувањето сличен договор со Oppo, уште еден бренд член на BBK Electronics
Откако Oppo се согласи со условите на Nokia и потпиша договор за користење на 5G патенти, сестринската компанија Vivo сега го стори истото. Да потсетиме, овие два бренда водеа спор во Германија за правото на користење на 5G патенти.
Финската компанија објави дека потпишала повеќегодишен договор за вкрстена лиценца за патенти со Vivo, веднаш по потпишувањето сличен договор со Oppo, уште еден бренд член на BBK Electronics. Овој договор сега му овозможува на Vivo да се врати на германскиот пазар, од кој мораше да излезе откако Nokia го доби судскиот спор, а со оглед на големината на германскиот пазар, овој исход веројатно ќе има позитивен ефект врз проширувањето во остатокот од европската Унија.
Инаку, Nokia е една од компаниите кои поседуваат најмногу патенти во индустријата за мобилни телефони и инфраструктура и соодветно на тоа ужива солиден приход само од надоместоците што и ги плаќаат другите производители.
За потсетување, поради губењето на спорот во германскиот суд, и Vivo и Oppo мораа да се повлечат од германскиот пазар, но по постигнувањеto договор се очекува наскоро да се вратат. Со оглед на тоа дека Германија е клучен пазар на ЕУ, овој настан секако ќе има влијание врз проширувањето и во други земји.