Халкбанк АД Скопје, една од водечките институции во областа на банкарството, со задоволство најавува нова иницијатива за 2024 година. Фокусот на активностите оваа година ќе биде емоционален развој на децата преку серија на содржини со наслов „Емоцијата има своја боја”.
„Во Халкбанк, веруваме дека образованието и емоционалниот развој се есенцијални за успешното растење на нашите најмлади граѓани. Затоа, оваа година ќе се фокусираме и на креирање на едукативни и интерактивни содржини кои ќе ги збогатат детските животи и ќе ги научат како правилно да ги препознаваат и изразуваат чувствата, поврзувајќи конкретна емоција со конкретна боја. Тоа ќе им помогне полесно да ја осознаат својата емоционална страна што ќе влијае позитивно на нивниот правилен психофизички развој, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Халки, штедливото слонче на Халкбанк, кој симболизира радост и безгрижно детство, ќе биде водечкиот херој во серијата на содржини кои ги подготвува банката, а секое видео и текст ќе бидат внимателно креирани за да гистимулираат и едуцираат најмладите.
Преку проектот „Емоцијата има своја боја”, тие целат да ги поддржат родителите и воспитувачите во нивната улога на животни учители, истовремено обезбедувајќи на децата подобро разбирање на своите емоции и препознавање на истите во текот на животот.
И оваа година, покрај на новиот проект за работа на емоционалниот раст и развој кај децата, преку настаните, работилниците и сите активности кои ќесе организираат, Халки ќе биде во функција и на развивање на финсиската писменост, еколошката свест иинклузивност.
Верувајќи во значењето на едукацијата и емоционалниот развој во раната детска возраст, Халки се надева дека со овие иницијативи ќе ги поттикне децата да го развиваат својот идентитет, вредностите и способностите, креирајќи здрави генерации и засилувајќи позитивни врски и емоции.