Благодарение на „Законот за дигитални пазари“ на Европската унија, Apple треба да им дозволи на веб-прелистувачите како Chrome и Firefox конечно да го користат сопствениот код за веб-рендерирање на iPhone и iPad
Иако на iOS е можно да се преземат алтернативни браузери како што се Chrome и Firefox, тие главно се само скинови над кодот за веб-рендерирање на Safari познат како WebKit.
Ова значи дека сите WebKit одлуки за поддршка на функциите и потенцијалните грешки се однесуваат на секој прелистувач што се користи покрај Safari на iPhone и iPad.
За да се усогласи со правилата на ЕУ и да им овозможи на алтернативните браузери да бидат изградени и поставени на сопствениот код за рендерирање, Apple понуди решение под името BrowserEngineKit.
Со ова, Apple сака да обезбеди прелистувачите да имаат одредено ниво на поддршка за веб-стандардите, да се обврзат дека брзо да ги поправаат безбедносните пропусти и да ја заштитат приватноста на корисниците со прикажување стандардни барања за согласност за работите како локација.
Strong agree with @mozilla. @Apple isn’t serious about supporting web browser or engine choice on iOS. Their strategy is overly restrictive, and won’t meaningfully lead to real choice for browser developers. https://t.co/GBA8ucR7NU
— Parisa Tabriz (@laparisa) February 2, 2024
Сепак, ова решение воведува нови проблеми бидејќи алтернативните прелистувачи ќе мора да се развиваат и одржува две посебни имплементации на прелистувачот. Едната имплементација е за ЕУ, другата за остатокот од светот.
„Сè уште ги разгледуваме техничките детали, но сме крајно разочарани од предложениот план на Apple да го ограничи новонајавениот BrowserEngineKit на апликации специфични за ЕУ“, изјави за The Verge портпаролот на Mozilla, Дамиано ДеМонте.
Потпретседателката на Google за Chrome Engineering, Париса Табриз, ја коментираше изјавата на ДеМонте на мрежата X: „Целосно се согласувам со Mozzilla. Apple не мисли сериозно да го поддржува изборот на веб-прелистувач или развојна рамка на iOS. Нивната стратегија е премногу рестриктивна и нема значајно да доведе до вистинскиот избор за програмерите на прелистувачи“.