Xiaomi се подготвува за глобално лансирање на Xiaomi 14 серијата, која вчера беше најавено дека ќе биде објавена на медиумски настан на 25 февруари во Барселона. Покрај новите телефони, кинеската компанија ќе претстави уште некои уреди, меѓу кои и Xiaomi Smart Band 8 Pro. Иако до претставувањето остануваат уште помалку од 20 дена, овој часовник веќе може да се нарача во Европа.
Xiaomi Smart Band 8 Pro е веќе достапен во словачката онлајн продавница Maldo, по цена од 89 евра. Испораката е во рок од 3 до 5 дена, а гаранцијата на уредот важи 24 месеци.
Во описот на производот јасно стои дека се работи за глобална верзија на уредот „наменета за европските пазари“, но спецификациите се речиси идентични со кинеската верзија.
Xiaomi Smart Band 8 Pro спецификации
Xiaomi Smart Band 8 Pro поседува правоаголен екран, без физички копчиња, а ременот е заменлив. AMOLED екранот е со големина од 1,74 инчи и резолуција од 336 x 480 пиксели. Стапката на освежување на екранот е 60 Hz, а максималната осветленост изнесува 600 нита.
За автономијата на уредот е заслужна батеријата со капацитет од 297 mAh, а од компанијата наведуваат дека ќе понуди автономија до 14 дена. Уредот е опремен со сензор кој го мери пулсот, SpO2 сензор за мерење на кислород во крвта, сензор за следење на спиењето, а има и функција за следење на здравјето на жените.
Покрај тоа, оваа нараквица го следи нивото на стрес и нуди тренинг за дишење. Покрај тоа, часовникот доаѓа со поддршка за повеќе од 150 спортски режими, заедно со паметен режим на трчање и часови за трчање. Часовникот има вграден GNSS чип кој поддржува повеќе сателитски системи кои би требало да помогнат попрецизно да се следат маршрутите. Секако, има и функции за контрола на музика, време итн.