Оваа недела видовме голем број нови детали за претстојниот преклопен смартфон Pixel Fold 2 на Google. Овој модел изгледа дека ќе го прескокне актуелниот чипсет Tensor G3 и може директно да ја користи следната генерација на Tensor G4.
Ова значи дека смартфонот најверојатно ќе се појави наесен покрај телефоните од Pixel 9 серијата. Деновиве се појави и наводна вистинска фотографија од прототип на Pixel Fold 2. Некои промени се забележливи во однос на сегашниот модел.
Делот за камерата е променет да биде правоаголен и во горниот лев агол. Покрај тоа, надворешниот екран е повеќе издолжен и тесен. За жал, не може да се види главниот дисплеј, а инаку изработката се чини дека е потенка.
Секако, ова е прототип и може да има промени во финалниот дизајн.