Lenovo не се плаши да експериментира со дизајнот на необични лаптопи, а досега тоа го докажа со производите како ThinkPad X1 Fold и Yoga Book 9i. Наскоро компанијата може да не изненади со нешто уште понеочекувано – лаптоп со проѕирен дисплеј.
Ова го дозанаваме од објавата на Windows Report, која открива дека за време на Mобилниот конгрес во Барселона кон крајот на февруари, Lenovo планира да прикаже концептуален развој на лаптоп со целосно транспарентен дисплеј со значително намалени странични рамки. Уредот вклучува и втор дел со конвенционален дисплеј, кој е осетлив на допир, а на него се прикажани тастатура и тачпад.
Лаптопот потсетува на Yoga Book 9i, но со уште понеобична конструкција. Засега не се познати техничките карактеристики на уредот, а не знаеме ниту кога ќе се појави на пазарот и по која цена. Сигурно нема да биде евтин, но во последниве години проѕирните дисплеи станаа поевтини и се појавија дури и во комерцијалните производи како што е проѕирниот телевизор на LG.