Инсајдерите тврдат дека спецификациите на Xiaomi 14 Ultra ќе вклучуваат Snapdragon 8 Gen 3 и систем со четирикратна камера.
Две недели пред неговото официјално претставување на 25 февруари, на интернет кружат спецификациите на Xiaomi 14 Ultra, кои на укажуваат на импресивна камера и моќен хардвер. Телефонот ќе го користи најновиот чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3, како и систем за четирикратна камера развиен во соработка со компанијата Leica.
Корисникот на социјалната мрежа Х, Јогеш Брар на својот профил ги детализира наводните карактеристики на претстојниот предводник на кинеската компанија. Покрај информациите кои ги сподели за камерата и процесорот, тој тврди и дека овој смартфон ќе има 6,73-инчен AMOLED LTPO екран со QHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz.
Xiaomi 14 Ultra
– 6.73" QHD+ AMOLED LTPO, 120Hz
– Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3 SoC
– Android 14, HyperOS
– 50MP 1" (VA) + 50MP (UW) + 50MP 3.2X + 50MP 5X Tele
– 32MP selfie
– 5,300mAh (approx) battery
– 90W wired charging
– Leica optics
– IP68 rating
– inhouse chipsThoughts?
— Yogesh Brar (@heyitsyogesh) February 9, 2024
Овој уред наводно ќе има и батерија од 5.300 mAh со поддршка за жично полнење од 90 W. Иако Брар не спомнува ништо за безжичното полнење, веројатно е дека Xiaomi 14 Ultra ќе ја има оваа функција, ако се земат предвид моќните спецификации на досегашниот Ultra модел на Xiaomi.
Xiaomi Ultra моделите речиси секогаш се издвојуваат со моќен хардвер и напредни карактеристики на камерата, а според тоа новиот смартфон наводно треба да има четири камери од 50 MP на задната страна. Главната камера од 50 MP треба да има сензор од еден инч со Leica оптика, поддржан од ултраширок сензр за кој се вели дека е 50 MP, како и телефото камера од 50 MP со зум од 3,2x заедно со друга телефото камера од 50MP со 5x зум.
Предната камера наводно ќе има 32 MP, додека телефонот може да се пофали со IP68 сертификат, што значи дека ќе може да издржи потопување во вода длабока 1,5 метри до 30 минути. Кога станува збор за софтверот, на уредот ќе има прединсталиран HyperOS кој се базира на оперативниот систем Android 14.
Сите споменати спецификации изгледаат доста моќни, но не треба се заборави дека се неофицијални, а сите детали ќе бидат познати на 25. февруари на глобалното претставување на телефонот, еден ден пред стартот на Мобилниот конгрес во Барселона (MWC 2024).