Shazam досега не можеше да се користи за да се пронајде песна што се слуша на слушалки, односно мораше да дојде однадвор за апликацијата да ја слушне, а потоа да ја препознае и да ве информира за која песна се работи.
Ако ја имате најновата верзија на апликацијата Shazam или ако имате iPhone со iOS 17.3, сега можете да пронајдете песна што ви се допаѓа, а ја слушате додека носите слушалки. Еве како да ја активирате таа опција.
– За корисниците на iOS, треба да влезете во Поставки > Контролен центар, а потоа да додадете „Препознавање музика“. (Settings > Control Center, Music Recognition).
– За корисниците на Android, би требало да е сè однапред поставено, па само да ја изберете ја опцијата „Кликни за Шазам“ (Tap to Shazam), кога ќе повлечете со прстот од врвот на екранот. Ако ја немате таа опција, одете во апликацијата Shaza > Settings и активирајте ја.