Lenovo планира да го искористи Мобилниот конгрес во Барселона (MWC 2024) за да претстави концептуален транспарентен лаптоп, а рендер од уредот објави познатиот дојавувач од социјалната мрежа X, Елан Блас.
„Горниот“ дел на лаптопот е целосно проѕирен OLED дисплеј, што е технологија на дисплеј која LG и Samsung ја развиваат веќе некое време.
Проѕирен е и вториот дел од лаптопот, но се чини дека главните компоненти се скриени под непроѕирната „брада“. Има и потенка рамка околу работ, веројатно за портови и антени, додека остатокот и припаѓа на тастатурата чувствителна на допир, која е вградена во панелот.
Оние кои ќе го посетат MWC саемот во Барселона на крајот на февруари ќе имаат можност да го видат овој концепт, но и други интересни уреди.
Here's another look at that transparent laptop concept Lenovo's bringing to MWC. pic.twitter.com/uH2g98q64Q
— Evan Blass (@evleaks) February 15, 2024