Следната генерација на A18 и M4 чипови на Apple за идните модели на iPhone и Mac ќе имаат надграден Neural Engine со „значително“ повеќе јадра, се вели во новиот извештај на тајванското издание Economic Daily News.
Надградениот Neural Engine би ги подобрил перформансите за задачите со вештачка интелигенција/машинско учење. Се шпекулира дека iOS 18 ќе има нови генеративни функции за вештачка интелигенција за Siri, Shortcuts, Messages, Apple Music и многу повеќе.
За време на објавата на кварталниот финансиски извештај овој месец, Извршниот директор на Apple, Тим Кук рече дека компанијата работи на генеративна вештачка интелигенција и дека ќе сподели детали „подоцна оваа година“. iOS 18 треба да биде објавен на WWDC годишната конференција за програмери на Apple на почетокот на јуни.
Чиповите од A18 серијата се очекува да дебитираат во претстојните iPhone 16 модели во септември. Претходно се шпекулираше дека некои генеративни карактеристики на вештачката интелигенција би можеле да бидат ексклузивни за моделите од iPhone 16 серијата, а надградениот Neural Engine може да биде главната причина за тоа.
Apple ги подобруваше перформансите на Neural Engine со текот на годините, дури и кога бројот на јадра не беше променет. На пример, Apple вели дека чипот A17 Pro во iPhone 15 Pro има до дав пати побрз Neural Engine во споредба со оној во iPhone 14 Pro.
Што се однесува до Mac, повеќето модели со чипови на Apple се опремени со 16-јадрен невронски мотор. Единствените исклучоци се Mac Studio и Mac Pro, кои имаат 32-јадрен Neural Engine кога се конфигурирани со M1 Ultra или M2 Ultra чип.
Првите Mac компјутери со M4 чип најверојатно ќе бидат објавени кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година.