Samsung откри детали за новото ажурирање на Galaxy S24 серијата, кое ќе биде достапно подоцна овој месец за Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra моделите и ќе донесе неколку интересни промени. За почеток, компанијата ќе ја додаде новата опција Vividness во Advanced settings менито, со која корисниците ќе можат да ја менуваат заситеноста на боите што ги прикажува дисплејот.
На овој начин, компанијата ќе одговори на поплаките на корисниците дека Vivid опцијата во поставките за дисплејот не ги менува своите бои. Компанијата вели дека избрала да ги подеси екраните на серијата Galaxy S24 за поприродна репродукција на боите, но сега ќе им ја понуди новата опција на корисниците кои сакаат посветли бои.
Ажурирањето вклучува и други подобрувања. Тие вклучуваат оптимизации на клучните функции на камерата, како што се подобрување на зумирањето, портрет режимот, фотографирање во темница, снимање видео и друго. Доколку поседувате некој модел од Galaxy S24 серијата, ажурирањето може да го очекувате многу наскоро – веројатно во наредните денови.