Неодамна дознавме дека компанијата Nothing на 5 март ќе го претстави својот следен паметен телефон, Phone (2a). Ова ќе биде првиот модел од компанијата позициониран во средната класа, а за него секако има доста големи очекувања со оглед на барањата на Nothing.
Во меѓувреме, се појавија и наводните цени на телефонот за Франција. Се чини дека Phone (2a) ќе се продава по цена од 349 евра за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Дополнително ќе има и варијанта со 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија по цена од 399 евра.
Смартфонот ќе се базира на MediaTek Dimensity 7200 чипсет, екран од 6,7 инчи и камера од 50 MP. Поради овие спецификации, цената од 349 евра изгледа сосема прифатлива, а повторно ќе има транспарентен дизајн и светлечки интерфејс Glyph.