Револуцијата во секторот за вештачка интелигенција доведе до создавање на доста разновидни производи. Меѓу нив е и Rabbit R1, паметен телефон кој целосно се потпира на вештачка интелигенција без никакви апликации.
Во меѓувреме, сличен концептуален уред ќе претстави и компанијата Дојче Телеком на Мобилниот конгрес во Барселона. Моделот е развиен заедно со Qualcomm и Brain.ai, потпирајќи се на вештачката интелигенција базирана на cloud.
На MWC 2024 во Барселона ќе бидат демонстрирани можните апликации во реални услови, а тоа може да се однесува за резервација на хотел или авионски билети. Моделот ќе користи Snapdragon 8 Gen 3 чипсет.