Претстојните iPhone 16 Pro модели на Apple би можеле да пристигнат во две целосно нови опции за бои – Desert Titanium и Titanium Grey, тврди дојавувачот познат како Majin Bu
Во нова објава на социјалната мрежа X, Majin Bu објави дека Desert Titanium ќе биде слична на опцијата за златна боја понудена кај iPhone 14 Pro во 2022 година, но со подлабока и потешка нијанска. Од друга страна, Titanium Grey очигледно ќе биде слична Space Grey варијантата понудена на iPhone 6 во 2014 година.
iPhone 15 Pro доаѓа во црна титаниумска, бела титаниумска, сина титаниумса и натурал титаниумска боја. Вреди да се напомене дека нема iPhone 15 Pro со златна варијанта на боја, а златната нијанса беше достапна од iPhone 5S во 2013 година до iPhone 8 во 2017 година, а потоа и на iPhone XS од 2018 година до iPhone 14 Pro во 2022 година. Како резултат на тоа, повторното воведување на златна нијанса на iPhone 16 Pro се чини многу веродостојно.
Based on the information I was able to find, the new colors of the iPhone 16 Pro could be
Desert Yellow (Desert Titanium) similar to the gold of the iPhone 14 Pro but deeper and heavier
Cement Gray (Titanium Gray) a shade of space gray similar to that used on iPhone 6. Other… pic.twitter.com/BWlYwAquS8— Majin Bu (@MajinBuOfficial) February 19, 2024
Pro моделите на iPhone на Apple отсекогаш биле достапни во не повеќе од четири бои при лансирањето, вообичаено со основни црни, бели и златни опции заедно со повпечатлива боја како зелена, сина или виолетова. Ова значи дека додека црниот титаниум и белиот титаниум е многу веројатно да се пренесат од iPhone 15 Pro на iPhone 16 Pro, но продолжувањето на сината и натурал титаниумска е далеку од сигурно. Можно е овие опции за боја да бидат укинати за да се направи место за Desert Titanium и Titanium Grey, посебно затоа што титаниум сивата се чини дека е многу слична на природниот титаниум.
Ова е прва гласина за опциите за боја на iPhone 16 Pro, а Majin Bu има измешано искуство за откривање точни информации за плановите на Apple. Како и да е, повеќе информации најверојатно ќе се појават во наредните месеци како што се приближуваме кон лансирањето во септември.