Веќе знаеме дека Honor ќе лансира голем број уреди на глобално ниво во пресрет на Мобилниот конгрес во Барселона. Компанијата веќе најави дека на MWC 2024 ќе ја претстави Magic6 серијата смартфони, како и моделот на преклопување Magic V2 RSR.
Сепак, ова нема да бидат единствените нови уреди. Компанијата сега откри дека можеме да го очекуваме и дебито на лаптопот MagicBook Pro 16. Овој модел ќе биде базиран на Windows и треба да биде позициониран во високата класа.
Лаптопот со 16-инчен екран треба да обезбеди и пооптимална конекција. Се чини дека ќе се потпира на употребата на технологија за брзо безжично поврзување помеѓу уредите на компанијата како паметните телефони, таблет уреди и компјутери.