Edge има функција која обезбедува опција за увоз на податоци од други прелистувачи при секое стартување, со дозвола на корисникот. Сепак, имаше случаи кога податоците беа импортирани без дозвола
Не е невообичаено секој веб-прелистувач да сака да биде главен и при стартувањето, без разлика кој е, да бара да биде поставен како стандарден и патем нуди опција за увоз на податоци од друг прелистувач за да се олесни транзицијата.
Но, станува невообичаено кога тоа е направено без експлицитна дозвола и знаење на корисникот како што треба да биде и како што Microsoft наведува во појаснувањето:
„Со ваша согласност, Microsoft Edge редовно ќе презема податоци од други прелистувачи достапни на вашиот уред со Windows. Овие податоци ги вклучуваат вашите омилени, историја на прелистување, колачиња, податоци за автоматско пополнување, екстензии, поставки и други податоци за прелистување“.
Сепак, ова не беше случај по неодамнешното ажурирање на Windows каде што Edge копираше податоци, вклучително и активни табови од Chrome без дозвола од корисникот.
The Verge објави дека при ажурирање на компјутер со Windows, Microsoft Edge автоматски се отвора по рестартирање и ги прикажува сите табови што се користеа во Google Chrome на истиот компјутер без да бара да се синхронизираат податоците од Chrome.