OnePlus се подготвува да претстави нов паметен часовник, а овој пат ќе биде навистина паметен, бидејќи првиот таков уред на компанијата од 2021 година имаше сопствен оперативен систем и не поддржуваше инсталирање на дополнителни апликации.
Компанијата почна да нè подготвува за претставувањето на производот со објавување на фотографија која содржи силуета на часовник и натпис „Време е да се исправи“. Се очекува уредот да се вика OnePlus Watch 2 и да работи на Wear OS, така што ќе обезбеди целосно паметно искуство.
За часовникот се зборува уште од крајот на јануари, кога се појавија информации дека би можел да премиерно да биде објавен на MWC 2024 во Барселона. Сликата на тизерот покажува уред со препознатлив дизајн кој потсетува на камерата на OnePlus 12, а се гледаат и две контролни копчиња.
Во однос на спецификациите, очекуваме да ја видиме платформата Wear OS 4, AMOLED дисплеј од 1,43 инчи и чипсет Snapdragon W5 Gen 1. Допрва ќе ги дознаеме останатите детали, вклучувајќи ја и цената, но нема да треба да се чека долго, бидејќи според информациите, претставувањето на часовникот ќе биде на 26 февруари.